Елмас: Покажавме дека имаме шампионски карактер

Елиф Елмас со два погодоци беше херојот на Наполи во победата над Лестер од 3:2 во последниот меч од групната фаза од Европа лигата.

Македонскиот репрезентативец практично го однесе својот тим во понатамошната фаза од натпреварувањето, а сосема јасно е дека е задоволен од ваквиот настап.

„Ова беше важна вечер за нас. Секако дека сум среќен за головите, но, нас најважно ни беше да се пласираме понатаму.

Покажавме дека имаме шампионски карактер и се надевам дека ќе играме уште подобро во иднина.

Тренерот Спалети пред натпреварот ни говореше дека сме јак тим и дека треба тоа да го потврдиме на теренот“ изјави Елмас и додаде.

„Искрено по овој натпревар не знам која е мојата позиција. Играм таму каде што ќе ми каже тренерот“.

- Оглас -

Најнови вести