Елмас пристигна во Лајпциг и веднаш отпатува на подготовки во Шпанија (Фото)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас денес се појави на првата прозивка на неговиот нов клуб Лајпциг и веднаш со екипата замина за Шпанија на мини подготовки.

Нашиот бисер зимава за сума од 23 милиони евра се пресели од Наполи во Лајпциг, а своето официјално деби за бундеслигашот се очекува да го има на 13 јануари, на првенствениот дуел против Ајнтрахт Франкфурт.

Екипата на Лајпциг во моментов е четвртопласирана со 33 бода, девет помалку од лидерот Баер Леверкузен и шест повеќе од петтата Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести