Додека Словенците мака мачат со авионот со кој требаше во 11 часот да полетаат за Скопје и чекаат дефектот да биде поправен, па да дојдат во главниот град на Македонија, нашите репрезентативци си имаат нормални активности и се подготвуваат за утрешниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020.
Елиф Елмас, кој неодамна на тренинг на Наполи даде гол од речиси невозможна позиција од позади голот, сега и на арената „Тодор Проески“ го повтори тоа, покажувајќи дека ништо не е случајно.
Погледнете каков гол постигна младиот играч на Наполи и наша надеж дека утре може да го совлада Јан Облак:
Словенечката експедиција уште чека на аеродромот во Љубљана и веројатно нема да има многу време за одмор пред вечерашниот тренинг. Некои медиуми коваат теорија на заговор дека проблемот го предизвикале Полјаците кои во Словенија гледале главен ривал во групата. Авионот со кој Словенците треба да дојдат во Скопје е на полска авиокомпанија.