Елиф Елмас и Лајпциг имаа одличен старт на подготовките за новата сезона и со победа од 2-0 над Астон вила ја започнаа американската турнеја. Македонскиот репрезентативец беше стартер за Лајпциг и одигра 73 минути пред да биде заменет.
Лајпциг го победи премиерлигашот на „Ред бул арената“ во Харисон со головите на Андре Силва во 17-тата и Лоис Опенда во 41-вата минута. Елмас и Лајпциг во САД ќе одиграат и контролен дуел против Вулверхемптон Вулвс, а после враќањето во Германија ќе се сретнат и против ПСЖ.