Јувентус мораше да се спасува од пораз на гостувањето кај градскиот ривал Торино и на крајот се задоволи со бод при ремито од 2-2. Овој кикс ги оддалечи Бјанконерите од Скудетото, за кое заостануваат 12 бода зад лидерот Интер на 10 натпревари до крајот од сезоната.
Актуелниот италијански првак врза два меча без победа во Серија А, по што Андреа Пирло доби ултиматум од управата. Имено, Јувентус во среда го пречекува Наполи на Елиф Елмас, па доколку не се освојат три бода во ова дерби, Пирло може да биде разрешен од тренерската позиција.
На Јувентус како утеха му остана битката за куп-титулата, каде што во финалето ќе се сретне со Аталанта на 19 мај, додека во првенството најмногу што може да се надева е на пласман во Лигата на шампионите.
Јувентус и Наполи во ова дерби ќе влезат со по 56 бода и делба на четвртата позиција, па јасно е дека влогот е голем за двата гиганти.