Елмас за баражот Италија – Македонија, очекува нешто што не е можно да се случи

Македонскиот репрезентативен фудбалер, Елиф Елмас, откако даде два гола против Лестер, беше прогласен за играч на колото во Лига Европа, па италијанските новинари се заинтересираа да земат изјава од него, и го прашаа што мисли за дуелот Италија – Македонија на 24-ти март од баражот за СП, кој ќе се игра во Палермо.

За жал, Елмас нема да биде дел од спектаклот, поради жолти картони.

„Ќе видиме, не знам што ќе се случи. Ќе биде тежој натпревар и за Италија и за Македонија, се надевам дека ќе се заврши добро за двете селекции“ – рече Елмас кој се обиде да даде политички одговор, но јасно е дека не може да биде добро за двата тима, бидејќи едниот ќе мора да загуби и да се прости од настап на Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести