Емери е оптимист: Сакам да освојам трофеј со Астон вила

Шпанскиот тренер Унаи Емери неодамна беше назначен за нов стратег на клупата на Астон вила. Емери дојде на местото на Стивен Џерард, кој мораше да си замине поради слабите резултати на стартот од сезоната. Емери е оптимист и најавува дека неговата цел е да освои трофеј со Астон вила.

„Мојот личен предизвик е освојување пехар со Астон вила, а секако тука е и планот да обезбедиме место кое води излез во Европа“, оптимистички најавува Емери.

Шпанецот има три титули во Лигата на Европа како предводник на Севилја, а еднаш со Вилјареал се радувал во ова натпреварување. Како предводник на ПСЖ, Емери освои дури седум трофеи, додека со Арсенал беше втор во Лигата на Европа.

„Мора да бидеме фокусирани на секој следен меч. Не сме во добра позиција на табелата, а и фудбалерите не се во добра форма, па тоа е нешто што мора да го подобриме. Мора да ја вратиме и самодовербата кај играчите“, додаде Емери.

Астон вила в недела на свој терен ќе го пречека англискиот гигант Манчестер јунајтед. Тимот од Бирмингем има освоено 12 бодови од првите 13 меча во Премиер лигата и е на 16 место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести