Хосеп Гвардиола се смета за еден од најдобрите тренери на денешницата кој на 535 натпревари ги водел Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити и освои сè што можеше да се освои, но никогаш не бил надигран како вчера, и тоа од неговиот сонародник, Унаи Емери.
Астон вила синоќа го победи Манчестер сити со 1:0, а резултатот одлично звучи ако се знае што преживеаја Граѓаните на „Вила парк“.
Фудбалерите на Астон вила упатија дури 22 шута кон голот на Едерсон, а само во првото полувреме имаа 13 удари.
https://twitter.com/Squawka/status/1732538238827442271?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732538238827442271%7Ctwgr%5Ec062f13fcd625c568166c96b3d87efb9af5876b3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vijesti.me%2Fsport%2Ffudbal%2F684970%2Fpep-nikada-u-svojih-500-i-vise-meceva-nije-bio-na-takvim-mukama-remek-djelo-emerija-protiv-sampiona-evrope
Немоќта на Сити на вчерашниот дуел ја отсликуваат само двата шута кон голот на Емилијано Мартинес, а тоа беа најмал број шутеви на еден меч кои ги упатила екипа што ја предводел Гвардиола.
Сити имаше поголем посед на топката, 54 – 46 отсто, но дозволи во првата третина фудбалерите на Астон вила дури 13 пати да им ја одземат топката од првата третина од теренот.
https://twitter.com/premierleague/status/1732529235846152213?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732529235846152213%7Ctwgr%5Ec062f13fcd625c568166c96b3d87efb9af5876b3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vijesti.me%2Fsport%2Ffudbal%2F684970%2Fpep-nikada-u-svojih-500-i-vise-meceva-nije-bio-na-takvim-mukama-remek-djelo-emerija-protiv-sampiona-evrope
Унаи Емери во Астон вила пристигна во октомври минатата година, кога екипата имаше само две победи во првите 11 меча, и го препороди тимот притоа успевајќи да обезбеди пласман во Лигата на конференции.
Сезонава Астон вила е уште подобра, моментно се наоѓа на третото место на табелата со четири бода помалку од лидерот Арсенал и заедно со Ливерпул се единствените екипи во Премиер лигата кои имаат максимален учинок на домашен терен.
Интересно е што откако Емери седна на клупата, Астон вила ниту еден натпревар во Премиер лигата не го одиграла без голови.
https://twitter.com/footballontnt/status/1732695300190486699?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732695300190486699%7Ctwgr%5Ec062f13fcd625c568166c96b3d87efb9af5876b3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vijesti.me%2Fsport%2Ffudbal%2F684970%2Fpep-nikada-u-svojih-500-i-vise-meceva-nije-bio-na-takvim-mukama-remek-djelo-emerija-protiv-sampiona-evrope
Емери му одржа лекција по фудбал.