Емери со победа дебитираше на клупата на Астон Вила, во Бирмингем падна Манчестер јунајтед (Видео)

Шпанецот Унаи Емери имаше перфектно деби на клупата на Астон Вила, со победа над Манчестер јунајтед. Тимот од Бирмингем во првиот меч под водство на Емери со 3:1 го совлада Јунајтед во рамки на 15-то коло во Премиер лигата.

Натпреварот започна фантастично за Емери и домашните фанови бидејќи Астон Вила по само 11 минути игра имаше водство од 2:0. Резултатот го отвори Леон Бејли во седмата, а Лукас Дињ четири минути подоцна со одличен шут од слободен удар погоди за 2:0.

Домаќините продолжија со офанзивната игра, и до крајот на првиот дел постигнаа уште еден гол, но овој пат во сопствената мрежа откако во обид да го запре шутот на Шо, Ремзи го смени правецот на топката и го измами својот голман.

Џејкоб Ремзи во 45-та минута им влеа надежи на играчите на Јунајтед за пресврт, но на стартот од вториот дел, во 49-та минута се извади за автоголот и овој пат топката ја смести во вистинската мрежа, во таа на Де Хеа за 3:1.

Со голот, Ремзи стана четвртиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој на еден натпревар постигнал гол, имал асистенција и си дал автогол. Пред него вакво постигнуваше имале само Герет Бејл, Вејн Руни и Кевин Дејвис.

Фудбалерите на Њукасл продолжуваат со одличните игри и со 1:4 славеа на гостувањето кај Саутемптон. Победата на Њукасл ја обезбедија Алмирон, Вуд, Вилкок и Гимараеш, а почесниот гол за Светците го постигна Перу.

Чавките со новите три бода се искачија на третото место на табелата. Њукасл сега има 27 бода, еден повеќе од Тотенхем кој од 17.30 часот игра против Ливерпул во второто големо дерби на колото во Премиер лигата.

Во малото лондонско дерби меѓу Вест Хем и Кристал Палас славеа гостите со 1:2. Чеканите поведоа во 20-та минута со голот на Бенрама, а Палас направи пресврт со голот на Вилфед Заха во 41-та минута, а Кресвел во 94-та минута си даде автогол во обид да ја запре контрата и шутот на Олисе.

- Оглас -

Најнови вести