Им здосади да чекаат – Емилија Ромања не ги ферма препораките, Кулушевски на тренинг од понеделник

Стефано Боначини кој е регионален претседател на областа Емилија Ромања им даде дозвола на четирите прволигаши, Парма, СПАЛ, Болоња и Саусоло да почнат со тренинзи од понеделник, спротивно на препораките на италијанската влада.

Во Италија се уште не се тренира, а по се изгледа мразот ќе го скрши квартетот калчолигаши, по дозволата на храбриот Боначини.

Член на Парма се уште е Дејан Кулушевски и тој ќе истрча меѓу првите на тренинг на отворено, веќе на четврти мај. Швеѓанецот со македонски корени треба да ја доигра сезоната во Парма и потоа да се пресели во Јувентус, кој го купи зимоска за 35 милиони евра, плус бонуси.

Првичниот план беше во Италија беше клубовите од Серија А да почнат со тренинзи на 4. мај, потоа да има проценка на состојбата на 18. мај и потоа да се одредат термини за продолжение на сезоната, ако за тоа има можност.

Сега здравствените власти и италијанската Влада го одолговлекуваат најавениот план и процес, а и останатите калчолигаши сакаат да почнат со тренинзи на отворено во своите комплекси од понеделник.

 

- Оглас -

Најнови вести