Еден од најдобрите голмани на светот, Емилијано Мартинес, изјави дека ако следната година Аргентина повторно биде светски првак, популаниот Дибу ќе се задоволи и ќе ја заврши репрезентативната кариера.
„До пред СП во Катар, ја немав видено Аргентина како освојува Мундијал. Ако освоиме два Мундијали по ред, тоа ќе биде тоа. Ќе ја завршам репрезентативната кариера и ќе им оставам место на помладите“, рече Мартинес.
Чуварот на мрежата беше еден од најзаслужните што Аргентина пред три години ја освои титулата на СП во Катар, неговата одбрана по шутот на Рандал Коло Муани беше клучна во финалето против Франција, а одличен беше и во пенал-сериите во финалето и четвртфиналето на тој Мундијал, на кој Гаучосите станаа светски шампиони по пауза од 36 години.