Емотивните зборови на коментаторот Тони Стојановски овековечени во ФФМ (Видео)

Пласманот на македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал беше најголемата спортска радост во 2020 година за нашата јавност, тоа е нешто што се чекаше три децении, па затоа и емоциите преплавија многумина, па и коментаторите на МРТ кои беа во Тбилиси.

По последниот звук на судијата, коментаторот Тони Стојановски одржа емотивен говор кој предизвика многу реакции, претежно позитивни, па Фудбалската федерација на Македонија одлучи на Тони да му направи голема чест и неговите зборови да ги овековечи на ѕид во просториите на ФФМ.

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, пред да му го покаже изненадувањето на Стојановски, рече дека човек кога зборува со срце и од душа, никогаш не греши.

Погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести