Смртта на машкото бебе од новородените близнаци на Кристијано Роналдо ги потресе сите, дури и оние фанови кои најмногу го мразат Португалецот.
Ривалството на навивачите на Ливерпул и Манчестер јунајтед барем на една минута беше ставено на страна и тие во седмата минута од вечерашниот премиерлигашки меч на „Енфилд“ со аплауз заеднички му дадоа поддршка на најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.
Поради трагедијата, Роналдо вечерва нема да игра, но сигурно ќе има зборови на благодарност за ова што се случи вечерва. Двата тима играат со црни ленти на дресови, а фановите ја пееја славната „You’ll never walk alone“, со што му порачаа на Роналдо дека не е сам во овие тешки денови.
All of Anfield stands to applaud in the seventh minute. YNWA. ❤#MUFC #LIVMUN #Ronaldo.#CR7pic.twitter.com/mGC2Ozbra1
— Syed (@DrakesWriter1) April 19, 2022