Рома во Рим загуби од Емполи во меч од второто коло на италијанската Серија А. Римската волчица важеше за голем фаворит пред дуелот, но на теренот ситуацијата беше поинаква.
Во финишот на првото полувреме Емполи стигна до предност благодарение на голот на Џаси, а во 61 минута веќе беше 2:0 за гостите и тоа со погодокот на Коломбо од пенал. Рома со сите сили тргна во напад да се спаси од пораз, но успеа да постигне само почесен гол преку Шомуродов во 80 минута. Ова е прв пат во историјата на Емполи да ја победи Рома на „Олимпико“.
По лошиот старт и поразот во првото коло, Наполи ги израдува своите фанови. На свој терен, Наполи со 3:0 ја победи Болоња. Ди Лоренцо погоди во финишот на првото полувреме за водство на домаќините, а потоа следуваше голот на Кварацкелија во 75 минута, за да во последните моменти од дуелот, Симеоне погоди за 3:0.
Драматично го последниот момент беше во Торино, каде домашниот тим се радуваше на победа од 2:1 против Аталанта. Гостите треба да жалат што не стигнаа до бод, затоа што Марио Пашалиќ во 90+6 минута промаши пенал за 2:2.