Емполи првпат во 21 век дома го победи Јувентус и ја остави Старата дама без место во ЛШ

Емполи го разби Јувентус со 4-1 во меч од Серија А, што за Емполи е прв домашен триумф над најтрофејниот италијански клуб по 1999 година.

Чекаа 24 години за победа над Јуве, а тоа го направија на убедлив начин и речиси го отпишаа клубот од Торино од трката за пласман во Лигата на шампионите.

За Јувентус заврши серијата од три победи по ред. Сега по одземените десет бода, Јуве е на пет бода зад четвртиот Милан, а останаа само уште две кола.

На Јувентус за првпат по ноември 2016 година му се случи на лигашки меч да прими три гола во првите 47 минути од средбата. Емполи со два гола на Капуто и еден на Луперто имаше 3-0, Кјеза намали на 1-3, а точка стави Пиколи во судиското продолжение. Ова е втор најтежок пораз на Јуве годинава, по оние 1-5 во јануари против Наполи.

- Оглас -

Најнови вести