Енигмата е разрешена – Медведев ја славеше гренслем-титулата со пад на теренот како да дал гол на ФИФА 21 (Видео)

Данил Медведев ги изненади сите со начинот на прослава на првата гренслем-титула откако одеднаш се фрли и падна на теренот „Артур Еш“ во Њујорк по поенот за победа од 6:4,6:4,6:4 против Новак Ѓоковиќ.

Рускиот ас очигледно е љубител на многу популарната игра на ФИФА, а го копираше начинот на прослава при постигнат гол на ФИФА 21.

https://twitter.com/atptour/status/1437183330122797059?s=20

Данил сега може да се пофали дека е гренслем-шампион, а по мечот добро упатените во тајните на електронските игри на ФИФА објаснија за што се работи при прославата на последниот освоен поен во финалето против Новак Ѓоковиќ.

Потоа Медведев во емотивен говор пехарот ѝ го посвети на својата сопруга Дарија и објасни дека тоа е подарок за годишнина на бракот со популарната Даша.

 

- Оглас -

Најнови вести