26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Енис Барди вечерва ќе дебитира на новиот домашен терен

Екипата на Леванте, за која игра македонскиот интернационалец Енис Барди, вечерва против Севилја во меч од шпанското првенство за првпат како домаќин ќе игра на стадионот „Камило Кано“. Станува збор за објект кој е оддалечен 130 километри јужно од стадионот во Валенсија, на кој Леванте ги игра своите мечеви во нормални услови, кога се игра со публика.

Стадионот „Камило Кано“ се наоѓа во градот Ла Нусија и има атлетска патека, што не е баш карактеристично за стадионите во Шпанија. Барди и клупските колеги тренираа на овој стадион и веројатно го запознаа подобро од Севилја, која буквално првпат ќе стапне таму, со оглед на тоа дека никогаш не се играле прволигашки средби.

 

- Оглас -

Најнови вести