Енрике како да знаел што го чека и затоа барал сите да шутираат по 1.000 пенали, ама и тоа му е џабе

Шпанија е единствената селекција која беше фаворит во осминафиналето, а на крајот не успеа да победи. Црвената фурија беше елиминирана откако на пенали загуби од Мароко со 3:0. Неверојатно, но шпанските фудбалери изведоа три пенали и не погодија ниеднаш, иако селекторот Лукс Енрике пред мечот потенцираше дека им дал „домашна задача“ на неговите фудбалери да шутнат по 1.000 пенали, за да бидат подготвени за предизвикот.

Не е откриено кој и колку од фудбалерите го послушале овој совет на селекторот, а сигурно е дека Шпанија веќе не е дел од Мундијалот. Пенал-рулетот веќе станува кошмар за Шпанија, затоа што оваа селекција по четврти пат е елиминирана од планетарните собири. Освен од Мароко, Шпанија на пенали била елиминирана и пред четири години во Русија од домаќинот, потоа во 2002 година од Јужна Кореја и од Белгија во 1986 година, што само се потврдува дека не може да го издржат притисокот.

Како беа изведувани пеналите може да видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести