Пари Сен Жермен и Челзи ќе играат во утрешното финале на Светското клупско првенство, што значи дека трофејот сигурно ќе заврши во Европа. Францускиот тим ја имаулогата на фаворит, затоа што во финалето влегува како актуелен европски првак.
И Челзи освои европски трофеј сезонава, тој во Конференциската лига на УЕФА, но секако изненадување е тоа што стигнаа до финалето на Светското клупско натпреварување, па затоа тренерот на ПСЖ, Луис Енрике повикува на претпазливост.
„Дали мечот против Челзи ќе биде само формалност? Апсолутно нема да биде формалност. Направив анализа на играта на Челзи, тоа е силем тим и тренерот Енцо Мареска врши одлична работа. Го ценам како тренер. Челзи заврши во Топ 4 во Англија, а ја освои и Конференциската лига на УЕФА, што само потврдува дека има одличен тим. Затоа ние во финалето ќе влеземе 100 отсто фокусирани и ќе се обидеме на најдобар можен начин да ја завршиме оваа историска сезона за нас“, рече Енрике.