36.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Енрике зборуваше за инцидентот по финалето: Глупав сум

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, непотребно се најде во фокусот на вниманието по завршувањето на финалето на Светското клупско првенство. Стратегот на ПСЖ влезе во конфликт со фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, кој заврши на земја. Енрике вели дека тој прв бил нападнат, а потоа само се бранел, но сепак направил наивна работа.

„Глуп сум. Тој дојде до мене и ме оттурна. Јас него само го допрев и тој веднаш падна на земја. Сакав да ги раздвојам играчите. Секој секого туркаше, дури и тренерот на Челзи. Тоа е резултат на насобраната тензија. Јас ги раздвојував луѓето. Не мислам да се однесувам како губитник“, рече Енрике.

ПСЖ беше голем фаворит пред финалето, но на крајот Челзи победи, и тоа убедливо со 3:0, па англискиот тим се најде на планетарниот клупски трон.

- Оглас -

Најнови вести