15.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Енцо Мареска добил поддршка од раководството на Челзи

Челзи нема намера да прави промена на тренерската позиција. Иако лондончани минуваат низ тежок период, само со една победа во последните пет натпревари, триумфот над Линколн Сити во Карабао купот, позицијата на Енцо Мареска не е загрозена. Сепак, останува под будно око на јавноста на Островот.


Поразот од 1-3 од Брајтон на „Стемфорд бриџ“ за време на викендот дополнително ги засили сомнежите околу неговата иднина.

Според избори блиску до клубот, челниците на Челзи и понатаму му даваат поддршка на италијанскиот стратег. Раководството смета дека главните причини за слабите резултати се бројните повреди на фудбалерите и дисциплинските проблеми во тимот.

Амбициите на Челзи остануваат исти, враќање во Топ 4 на Премиер лигата и успешни настапи во ФА купот и во Карабао купот, како и во Лигата на шампионите, каде што клубот има цел да се претстави со резултати достојни за актуелниот светски клупски шампион.

- Оглас -

Најнови вести