Екипата на Челзи имаше половичен успех на стартот од Премиер лигата откако со 6-2 го победи Вулверхемптон, но загуби од Манчестер сити со 0-2. Енцо Мареска во составот има 50-мина фудбалери, односно толку играчи се под договор со Челзи, па новиот тренер одлучи да се ослободи од 14-мина.
Најзвучното име на кое нема да смета Мареска е Ромелу Лукаку, кој е пред трансфер во Наполи, а пред нова позајмица е и Кепа Аризабалага, кој минатата сезона беше дел од Реал Мадрид, а сега ќе замине во Борнмут.
Слободни да си бараат нов клуб се и: Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Тревох Чалоба, Ѓорѓе Петровиќ, Керни Чуквуемека, Давид Фофана, Армандо Броја, Анхело Габриел, Дејвид Вашингтон, Алекс Матос, Херви Вејл и Лукас Бергстром.