ЕП ќе се игра следната година за да може и првенствата и ЛШ да се доиграат нормално

УЕФА на состанокот во вторник ќе донесе одлука за привремено „замрзнување“ на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а Европското првенство кое требаше да почне на 12 јуни, ќе се помести за следната 2021 година.

Француски „Л’Екип“ ја најавува оваа варијанта како најбезболно и најдобро решение за кое се размислува. Одложувањето мечеви речиси од сите најсилни лиги во Европа, носи проблем со термините во националните првенства. Поради ЕП, требаше шампионатите да завршат порано во мај, но тоа нема да биде можно.

Затоа, за да може нормално да се доиграат лигите, како и ЛШ и ЛЕ, по одложувањата ќе мора тие да се играат и во јуни, а ЕП, кое требаше да почне на 12 јуни, да се игра во 2021 година. Исто така проблем се и плејоф-мечевите од Лигата на нациите кои треба да се играат на 26 и 31 март, а во кои учествува и Македонија.

Има еден друг мал проблем. Во летото 2021 година треба да се игра проширеното Светско клупско првенство кое го организира ФИФА, па за да може да се игра ЕП во 2021, ќе треба дозвола од ФИФА, која треба да се снаоѓа што ќе прави со новиот формат на Светското клупско.

- Оглас -

Најнови вести