-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Епска брука на Црно-белите, Партизан декласиран од Жалгирис

Жалгирис го растури Партизан со 109-68 во дуел од кошаркарската Евролига на кој белградските Црно-бели го допреа дното.

Досега најтежок пораз сезонава им беа оние минус 23 поени разлика против Панатинаикос по кои тренерот Жељко Обрадовиќ си поднесе оставка, а ова е и втор најтежок пораз на Партизан воопшто во клупската историја на евролигашки меч.

Литванскиот тим го газеше противникот од прва до последна минута, беа и екстра мотивирани со голема победа да му го честитаат 61-виот роденден на најголемиот меѓу најголемите во литванската кошарка, славниот Арвидас Сабонис.

Од друга страна Партизан делува како „банда без команда“ и овој дебакл само отсликува во каква лоша состојба е белградскиот тим во моментов. После поразот, Партизан има скор 6-11 на 17 одиграни мечеви.

Заврши уште еден меч во Евролигата, Дубаи на гости победи кај Анадолу Ефес со 80-76.

- Оглас -

Најнови вести