Епски гол на Алаба против Италија, Донарума не знаеше што го снашло (Видео)

Австрија во Виена ја победи Италија со 2-0 во пријателски меч, а вториот гол, кој беше дело на Давид Алаба, е посебна приказна за себе.

Алаба требаше да изведе слободен удар од голема далечина и со силен шут под пречка погоди токму таму каде што сакаше.

Голманот Џанлуиџи Донарума беше изненаден и веројатно не ја ни виде топката која пролета во негова близина пред да заврши во мрежата.

Роберто Манчини ги надмина Марчело Липи и Чезаре Прандели по бројот на средби како селектор на Италија, па сега со 57 меча на клупата на Аѕурите е трет на вечната листа. Пред него се само Виторио Поцо (95) и Енцо Беарцот (88). Манчини нема по добро да го памети ова гостување.

Погледнете го атрактивниот погодок на дефанзивецот на Реал Мадрид:

- Оглас -

Најнови вести