Епски меч и неверојатна победа на Надал

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на АТП Мастерс турнирот во Рим, откако по повеќе од три и пол часа борба го елиминираше Денис Шаповалов. Шпанскиот тенисер пред мечот беше голем фаворит, но Шаповалов одигра блескав дуел, но сепак на крајот не успеа да го зачини со победа над најдобриот во историјата на земјена подлога.

Шаповалов започна силно и во првиот сет стигна до 4:0 во гејмови и не му доволи на фаворитот да се врати, па Канаѓанецот го доби со 6:4. И на стартот од вториот сет Шаповалов почна одлично и поведе со 3:0 во гејмови. Тоа беше знак дека е време Надал да се „разбуди“, па Шпанецот ги освои следните пет гејма и на крајот го доби сетот со 6:4, израмнувајќи на 1:1.

Третиот сет беше вистинска драма. Шаповалов поведе со 3:1, а потоа Надал стигна до 5:5. Шаповалов поведе со 6:5 и потоа имаше и две меч топки, но не успеа да ги искористи. Епскиот меч мораше да се реши со тај-брејк, а во таква ситуација Надал е многу подобар. На крајот, Надал го доби тај-брејкот со 7:3 и се пласираше во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести