Ерик Гарсија: Бевме подобри од Интер, но…

Заврши сонот на Барселона дека може да триумфира во Лига на шампиони, откако вечерва по епска борба, загуби со 4:3 од Интер. Ерик Гарсија кој беше стрелец на еден од трите гола за Барселона е разочаран.

„Мислам дека фудбалот е толку многу неправеден кон нас. Во второто полувреме влеговме со заостанување од 2:0, но повторно покажавме карактер. Оваа екипа е неверојатна, а истото важи и за навивачите, кои постојано се наша поддршка. Не знам што се случува на овој стадион, но поради работи кои не се под наша контрола, не успеавме да го оствариме тоа што го сакавме“, рече Гарсија веднаш по елиминацијата на Барселона.

Според Гарсија, Барселона бил подобар тим од Интер, но едноставно среќата не била на страната на гостите.

„Сите знаеме што се случи со судијата минатиот пат кога гостувавме тука. Но, мора да бидеме горди. Ова беше година во која никој не веруваше во нас, а погледнете до каде стигнавме. Бевме подобри од нив, но многу боли кога ќе примите гол во 90+3 минута. Во продолженијата тие се затворија и одлично се бранеа. Сега нѐ чека и завршницата во Примера дивисион“, заврши Гарсија, кој покрај голот, имаше и едно неверојатно промашување, односно фантастична беше одбраната на Сомер.

- Оглас -

Најнови вести