21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ерик тен Хаг се согласил да биде нов тренер на Баер Леверкузен

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг се очекува да биде промовиран во нов тренер на германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен. Фармацевтите останаа без предводник од клупата откако Чаби Алонсо реши да си замине и да го прифати предизвикот да биде тренер во Реал Мадрид.

Алонсо со Баер Леверкузен минатата година стигна до титулата во Бундеслигата, а во неодамна завршената сезона го предводеше тимот до второто место, веднаш зад шампионот Баерн Минхен.

Тен Хаг е без работа од ноември 2024 година, кога доби отказ во Манчестер јунајтед. Овој тренер најавуваше дека ќе чека да дојде лето за да прифати некоја понуда, а се шпекулираше дека може да биде и нов тренер на Ајакс, каде што има работено од 2018 до 2022 година.

Сепак, Баер Леверкузен треба да биде следната дестинација за Тен Хаг, и тоа за договор потпишан на две години.

- Оглас -

Најнови вести