Раководството на Ајакс веќе почна преговори за наследникот на Џони Хеитинга, кој доби отказ поради слабите резултати на тимот од стартот на сезоната.
Поранешниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг, кој моментно е без ангажман, е многу блиску до враќање во гигантот од Амстердам.
Репутацијата на Тен Хаг значително опадна по неговите престои во Манчестер јунајтед и во Баер Леверкузен, но и покрај неуспесите, во Ајакс веруваат дека токму тој е вистинскиот човек кој може повторно да го подигне тимот во продолжение од сезоната.
Ерик тен Хаг беше тренер на Ајакс во периодот од 2019 до 2022 година и бележеше одлични резултати.

