Славниот шведски тренер, Свен-Јоран Ериксон, изминатиот викенд беше во Џенова и присуствуваше на првенствениот натпревар против Реџина. Ериксон веќе подолго време е тешко болен, а според лекарите му остануваат само уште неколку месеци живот.
Тој сакаше да се поздрави со својот поранешен клуб и навивачите, а на стадионот продефилираа и голем број на поранешни фудбалери на Сампдорија. Ериксон од навивачите беше пречекан со овации и со паролата: „Со тебе сме во оваа борба. Добредојде во Џенова господине Ериксон“.
Beautiful scenes as Sven-Göran Eriksson returns to Sampdoria pic.twitter.com/UeYVBOe7dp
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) May 5, 2024
Свен-Јоран Ериксон беше тренер на Сампдорија во периодот од 1992-рата до 1997-мата година, а во 1994-тата го освои Купот на Италија.
„Во овој клуб поминав пет прекрасни години и навистина ми е мило што сум повторно тука. Тие години игравме убав фудбал, можевме да направиме и подобри резултати, но секако носам прекрасни спомени од тој период и овој клуб. Им благодарам на навивачите за прекрасниот дочек.“ – рече Ериксон во Џенова.