-1.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Ерлинг Халанд и шестта година по ред е најдобар фудбалер во Норвешка

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, и шестта година по ред е прогласен за најдобар норвешки фудбалер во изборот на Фудбалскиот сојуз. Норвежанецот не само што нема конкуренција во татковината, тој едноставно е неприкосновен и во Премиер лигата, па стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до бројка од 100 гола во англиското првенство.

Халанд со 17 гола на девет натпревари за репрезентацијата беше и најзаслужен за пласманот на Норвешка на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

„Беше интересна година и се случија многу работи. Пласманот на Светското првенство го ставам на прво место. Без сомнение, тоа беше врвната точка за мене годинава. Фантастично беше да го оствариме тоа. Тоа е нешто за што можевме само да сонуваме. Со нетрпение го очекувам Светското првенство.“ – рече Халанд.

- Оглас -

Најнови вести