Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд и во наредните десет години ќе игра во дресот на Манчестер сити. Ексклузивна информација доаѓа од Манчестер, која вели дека раководството на Граѓаните успеало да го убеди одличниот Норвежанец да остане на „Етихад“ до 2034 година.
Халанд треба да биде носител на новата ера на тимот на Манчестер сити. Договорот е опишан како еден од „најпрофитабилните во историјата на спортот“, иако точните бројки сè уште не се објавени.
Хaланд, кој досега му помогна на Сити да освои две титули во Премиер лигата и беше клучен дел од тимот што освои тројна круна во 2023 година, ќе биде посветен на клубот во поголемиот дел од својата кариера.
Реал Мадрид, кој традиционално ги привлекува најголемите ѕвезди, беше поврзуван со трансфер на Халанд. Сепак, Норвежанецот сега изгледа недостижен за шпанскиот гигант бидејќи норвешкиот напаѓач изрази желба да остане долго во Манчестер сити.