21.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Ерменски спортист загина во војната во Нагорно Карабах

По прогласувањето на воена состојба во Ерменија, многу спортисти, како капитенот на фудбалската репрезентација, се пријавија да војуваат во областа Нагорно Карабах против Азербејџанците, сметајќи дека со тоа прават голем патриотски чин.

Во битка замина и повеќекратниот првак во кревање товар, Татул Харутјунјан, но заврши трагично и го загуби животот.

Инаку, регионот Нагорно Карабах е во Азербејџан, но во него живеат претежно Ерменци. Воениот судир помеѓу двете соседни земји влезе во втората недела и засега не се наѕира крајот.

- Оглас -

Најнови вести