Капитенот на Ерменија откажа трансфер и замина да војува!

Капитенот и дефанзивец на ерменската фудбалска репрезентација, 28-годишниот Вараздат Харојан, одби трансфер во грчкиот тим АЕЛ Лариса затоа што сакаше да ѝ помогне на својата татковина во војната со Азербејџан во областа Нагорно Карабах.

Харојан го известил грчкиот клуб дека нема да може да му се придружи поради случувањата во кавкаскиот регион и дека како човек помлад од 40 години имал задолжителен повик да ѝ служи на ерменската војска. Харојан е играч кој има 52 настапи за националниот тим на Ерменија, а настапи и на почетокот на месецов во Скопје, кога Македонија ја победи Ерменија во Лигата на нациите, носејќи ја капитенската лента.

Неодамна, првата ѕвезда на ерменскиот фудбал, Хенрих Мхитарјан, ја повика меѓународната заедница да помогне во смирување на состојбата, но неговиот соиграч одлучи да земе пушка в раце и да тргне во војна.

Харојан беше слободен играч откако го раскина договорот со руски Урал Екатеринбург.

- Оглас -

Најнови вести