Селекторот на ерменската репрезентација, Украинецот Олександр Петраков, на прес-конференцијата во Струмица пред утрешнинот пријателски меч истакна дека македонскиот национален тим игра спектакуларен офанзивен фудбал и дека во нападот имаме многу квалитетни играчи.
„Сметам дека успеав да ги охрабрам моите играчи со вистинските зборови и дека натпреварот со Македонија ќе биде доста интересен и борбен. Ги гледавме мечевите на Македонија и сметам дека има доста играчи кои може да бидат опасни. Со селекторот Милевски, тимот постојано напредува и игра добро. Имаат доста силна офанзивна линија со добри играчи кои настапуваат во големи клубови. Македонија игра спектакуларен фудбал, може да се каже дека се добар европски тим“, рече Петраков.
За Наир Тикнизјан, нема пријателски натпревар.
„Кога го носиш ерменскиот дрес, нема пријателски меч. Ние се спремивме како да е официјален натпревар, мора да ја поправиме репутацијата кај нашите фанови“, вели Тикнизјан.