Ернан Креспо промовиран во тренер на клуб кој бил светски првак

Бразилскиот клуб Сао Пауло реши да го промени тренерот. На местото на Аргентинецот Луис Зубелди промовираше друг Аргентинец, многу попознат, а тоа е Ернан Креспо.

Некогашниот аргентински голгетер потпиша договор до 2026 година со Сао Пауло, клуб во којшто има работено и во 2021 година. Во првиот мандат, иако само неколку месеци, Креспо го одведе Сао Пауло до титулата во локалното првенство Паулиста.

Во лоша форма е некогашниот светски клупски првак Сао Пауло, кој има само една победа во последните седум натпревари во бразилското првенство. Тимот моментално е на 14-тото место на табелата, далеку зад лидерот Фламенго. Сепак, Сао Пауло стигна до осминафиналето во Либертадорес купот (пандан на Лигата на шампионите во Европа) и сезоната може да биде спасена.

Креспо последно имаше работено како тренер во Ал-Аин во Обединетите Арапски Емирати. Со овој тим, Аргентинецот ја освои азиската Лига на шампиони во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести