Еспањол брка важна победа, Бенфика мора да се разбуди

1701 Монпелје – Монако (19.00 часот)
Монпелје е закован на дното, но речиси редовно постигнува голови на последните мечеви, посебно на домашен терен. Монако нема триумф на последните три меча и е голем фаворит на овој дуел. Наш предлог е сепак да се одигра на голови.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.80)

 

1801 Ајнтрахт Ф. – Борусија Дортмунд (20.30 часот)
Новото коло од Бундеслигата се отвора со дерби-дуел. Ајнтрахт е во налет, а Борусија Дортмунд има два порази по ред. Најдобро е овој дуел да се одигра на голови, предлогот е да има од еден до три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.79)

 

3004 Рома – Џенова (20.45 часот)
Рома и Џенова се „соседи“ на табелата во Серија А, се наоѓаат на 10-тата и на 11-тата позиција, но домаќинот треба да ја искористи предноста на „Олимпико“ и да слави на овој дуел. Предлогот е дека ќе има од два до пет гола на оваа пресметка.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.01)

 

1301 Еспањол – Ваљадолид (21.00 часот)
Ова е пресметка која вреди „шест бода“. Дуел меѓу две екипи кои грчевито се борат за опстанок, па Еспањол сигурно ќе сака да ја искористи предноста на домашниот терен. Типуваме на триумф на Еспањол.
Предлог тип: 1 (1.81)

 

1536 Бенфика – Фамаликао (21.15 часот)
Бенфика има два пораза по ред во првенството на Португалија и вечерва ќе мора да реагира соодветно. На гости доаѓа Фамаликао, кој исто така не е во добра форма. Напаѓачите на Бенфика конечно мора да се разбудат и да постигнат најмалку три гола.
Предлог тип: 1 & 3-5 (1.84)

- Оглас -

Најнови вести