Еспањол е послаб од Атлетико, но вечер нема да загуби од Јорганџиите

1306 Вилјареал – Кадис (19.30 часот)

Вилјареал е во добра форма, доби четири од последните пет меча во првенството и цврсто го држи петтото место, а уште има шанса и за топ 4 и пласман во ЛШ, иако тоа нема да биде лесно. Кадис е 16-ти, има три бода повеќе од загрозените тимови, што не му гарантира опстанок, па ќе треба да освои барем бод за да не се најде во уште понепријатна позиција. Кадис на 35 меча даде само 28 гола, тие се втор најнеефикасен тим во Ла Лига. Есеноска во Кадис беше 0-0.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.72)

 

1985 АЕК – ПАОК (19.30 часот)

Ова е финале од Купот на Грција, мечот ќе се игра на неутрален терен во Волос и без публика на трибините. Атински АЕК е на прагот на титула во првенството на Грција, па ако победи вечерва, ќе освои и двојна круна. Мотивацијата за ПАОК е да освои барем еден трофеј сезонава. Во лигата, овие тимови играа меѓусебе четири пати, АЕК победи трипати, последниот пат во април со 4-0, а ПАОК еднаш, ниту еднаш не беше нерешено, а секогаш поразениот не успеваше да даде гол.

Предлог тип: ГГ (2.09)

 

1001 Брајтон – Манчестер сити (21.00 часот)

Најпријатното изненадување сезонава во Премиер лигата обезбеди изпез на европска сцена, а Сити веќе ја обезбеди титулата, па двата тима кои се истакнуваат со ефикасност, може слободно без притисок да одиграат меч со повеќе голови. Брајтон нема нерешено уште од 1 април, а Граѓаните не знаат за пораз од 5 февруари наваму. На последните три меча против Брајтон, Сити секогаш дава три или повеќе голови.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.73)

 

3040 Интер – Фиорентина (21.00 часот)

Ова финале од купот на Италија е генерална проба за Интер пред големото финале во ЛШ, а за Виолетовите тест пред финалето во Конференциската лига. Нераѕурите се фаворити, но и Фиорентина има свои сметки. Мхитарјан ќе го нема кај Интер. Мечот се игра на неутрален терен во Рим и ќе биде интересно кој ќе се снајде подобро, бидејќи сезонава во лигашките пресметки победуваа гостите, Интер се радуваше во Фиренца со 4-3, а Фиорентина победи во Милано со 1-0.

Предлог тип: Х полувреме (2.11)

 

1370 Еспањол – Атлетико Мадрид (22.00 часот)

На Еспањол му гори под нозе, претпоследен е на табелата на три кола до крај, и трите бода му се неопходни за опстанок. Атлетико е втор и обезбеди место во ЛШ. Еспањол победи во минатото коло против Рајо сега оди по победа и против уште еден мадридски клуб. Квалитетот е на страна на Атлетико, но мотивацијата е поголема кај домашните. Еспањол четири години нема победа над Атлетико, иако редовно му дава барем еден гол во меѓусебните дуели во последните три и пол години.

Предлог тип: 1Х & 2+ (2.09)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести