Еспањол го сопна Атлетико Мадрид и му нанесе голем удар во трката за титулата

Атлетико Мадрид не успеа да победи на гости кај Еспањол играјќи само 1-1. Ова е голем удар за тимот на Диего Симеоне, кој сега заостанува шест бода зад лидерот Барселона и три бода зад градскиот ривал Реал Мадрид во трката за шампионската титула во Ла Лига. Згора на тоа, Атлетико има и еден одигран натпревар повеќе.

Цезар Аспиликуета постигна прекрасен гол за Атлетико Мадрид во 38-та минута од дуелот, но тоа не беше доволно за триумф.

Еспањол стигна до бод со голот на Хави Пуадо од пенал во 71-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести