Еспањол со спорен пенал дојде до победа со која обезбеди опстанок

Еспањол го победи Лас Палмас со 2-0 и го осигура опстанокот во шпанската Ла Лига.

Тимот од Барселона беше фаворит, но долго се мачеше и не успеваше да постигне гол. Во 65-та минута беше досуден пенал за Еспањол, иако тоа беше една спорна ситуација во која фудбалерот на Еспањол се удри во дефанзивец на Лас Палмас кој веќе имаше стекната предност во дуел во 16-никот. Неколку судиски експерти во Шпанија оценија дека ова не било пенал и се чудат како одлуката не била преиначена.

Пуадо беше сигурен реализатор на најстрогата казна, а потоа на домашните им беше психички полесно, па на крај дадоа уште еден гол за потврда на победата вредна опстанок.

Леганес беше клубот кој испадна и чекаше кикс на Еспањол. Популарниот Лега победи со 2-0 против Ваљадолид, но тоа не беше доволно и мадриѓаните одат во втора лига.

- Оглас -

Најнови вести