Ето: Ако Барса му дозволи на Меси да си замине, клубот ќе треба да го смени името

Самуел Ето ја предупредува Барселона дека не смее да му дозволи на Лионел Меси да си замине од клубот. Меси е Барселона, а ако тој го напушти „Камп ноу“, клубот ќе треба да го смени името.

„Го сакам Лео како син, му посакувам сè најдобро. Барселона има среќа што го има најдобриот фудбалер на светот, можеби и на сите времиња, и затоа треба да направи сè што е во нивна моќ за да го задржи Меси. Тој е Барселона, па затоа ако си замине, клубот ќе треба да си го смени името“, смета Ето.

Камерунската легенда беше дел од Барселона во периодот кога Меси се појави на големата сцена и на јавноста ја претстави својата дарба. Заедно ја освоија тројната круна во сезоната 2008/09, а потоа Ето се пресели во редовите на Интер, каде што го повтори успехот играјќи покрај Горан Пандев под водство на Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести