Ето доживеа тешка сообраќајка откако со џипот се забил во автобус (Фото)

Некогашниот фудбалер на Барселона и на Интер, Самуел Ето доживеал тешка сообраќајна несреќа во родниот Камерун, каде престојува периодов.

Според првичните информации, Ето со својот автомобил се удрил во автобус, па веднаш бил префрлен во болница. Засега не се знае точно со какви повреди се здобил некогашниот соиграч на Горан Пандев, но првичните информации велат дека се наоѓа во стабилна состојба.

Уште не се знае која е причината за сударот и кој е виновен. Автомобилот на Ето е речиси целосно уништен.

 

- Оглас -

Најнови вести