31.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Еуфорија во Истанбул: Мурињо носи две ѕвезди во Фенербахче

Фенербахче е на прагот да доведе две големи фудбалски ѕвезди, Бразилецот Eнтони и Украинецот Олександр Зинченко, и тоа по директно барање на Жозе Мурињо.

По одлуката да се повлечат од трансферот на Нико Јанковиќ за да се насочат кон играчи кои Специјалниот ги смета за клучни, турскиот гигант е блиску до реализација на два големи трансфери.

Според турскиот новинар Ибрахим Сетен, Фенербахче е на чекор од договор со Ентони, подготвен да ја плати неговата откупна клаузула. Бразилецот ќе потпише богат договор, а трансферот ќе изнесува околу 35 милиони евра.

Покрај него, во Истанбул ќе пристигне и Зинченко. Со Арсенал е постигнат договор за обесштетување од 10 милиони евра, а украинскиот репрезентативец би можело да слета во Турција само за неколку часа. Зинченко, кој има 28 години, претходно играше за ПСВ Ајндховен, Манчестер сити и УФА, а последните три сезони ги мина во Арсенал.

Мурињо веќе доби неколку засилувања како Џон Дуран, Арчи Браун и Нелсон Семедо, а клубот планира уште неколку трансфери, меѓу нив Марко Асенсио, Ив Бисума и нов голман, со што би се заокружила летната трансфер кампања.

- Оглас -

Најнови вести