9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Еуфорија во Милано, за четвртфиналето Милан – Наполи денеска се продадоа 37.000 билети!

Италијанската пресметка помеѓу Милан и Наполи од четвртфиналето на Лигата на шампионите, предизвикува огромен интересен на Апенинскиот полуостров, а доказ за тоа е големиот број на продадени билети во текот на денешниот ден.

За првиот меч во Милано, кој ќе се игра на 12-ти април, денеска биле продадени дури 37.000 билети или поточно биле потврдени 37 илјади резервации.

Утрово се продавале билети за оние навивачи на Милан кои имаат годишни билети  и CRN (Црвено-црно срце) картичка, а за два часа биле продадени и 10.000 билети. Сите фанови кои имаат резервирано билети, нема да смеат да ги продадат или подарат на друго лице.

- Оглас -

Најнови вести