Еуро Никел прв пат сезонава во победи Работнички и тоа во можеби најважниот момент. Кавадарчани славеа со 68:66 во првиот полуфинален дуел од плејофот и сега на свој терен ќе ја имаат првата меч топка за пласман во големото финале.
Работнички добро го отвори мечот и водеше во речиси целата прва четвртина која ја доби со 15:12. Сепак, со стартот на вториот квартал, Еуѕро Никел со серија од 6:0, поведе со 20:15 и од тој момент до крајот во ниту еден момент не ја испушти предноста.
Во сиромашното со поени прво полувреме, гостите заминаа со предност од 30:28. Еуро Никел започна силно и со серија од 9:0 стигна до првата двоцифрена предност од 39:28. Работнички се обиде да се врати и намали на 36:42, но потоа следуваше нов пад во играта на домаќините, кои беа посебно слаби во нападот.
Како што ја започна четвртината, Еуро Никел така ја затвори, со добра серија на поени. Гостите постигнаа 13 поени во низа и на почетокот на решавачките 10 минути стигнаа до 20 поени предност 56:36. Работнички не се предаде, полека ја топеше предноста на противникот, за да во последната минута стигне до само два негатива 66:64. Гостите потоа ги погодија двете слободни фрлања, што беше потврда за голема победа на кавадарчани.