23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Еурофарм Пелистер со осум гола предност ќе патува во Прешов

Екипата на Еурофарм Пелистер со висока предност од осум гола ќе патува на реваншот во Прешов откако на домашен терен го совлада Татран со 37-29. Битолчани на првиот четврт-финален натпревар од СЕХА-лигата имаа предност во текот на целиот натпревар, освен на почетокот на мечот, кога гостите од Словачка поведоа со 0-1. Еурофарм Пелистер во последниот дел од првото полувреме стигна до највисоки седум гола, најпрво 15-8, а потоа и 17-10. Сепак, пред паузата, Татран се врати во игра и намали на 20-17.

Во второто полувреме долго се одржуваше оваа предност, но кон средината на вториот период гостите успеаја да намалат и на еден разлика, односно 28-27. И тоа беше сè што направија гостите на овој натпревар. Следуваше неверојатна серија на Еурофарм Пелистер од 10-1 за највисоки 37-28. До крајот на мечот Татран постигна уште еден погодок само за да го постави конечниот резултат на овој натпревар, 37-29, за Еурофарм Пелистер.

Ненад Костески со 10 погодоци беше најпрецизен во редовите на битолчани, додека Хенеберг постигна два помалку. Кај гостите најпрецизен беше Касаткин со 9 гола.

Реваншот ќе се одигра во Прешов на 10 април.

- Оглас -

Најнови вести