Еве како Србија прими два гола во последните 27 секунди и остана без победа против Исланд (Видео)

Селекцијата на Србија на неверојатен начин остана без победата против Исланд во својот прв меч на ЕП со кој можеше да си го обезбеди едно од првите две места во групата Б.

Србија и Исланд одиграа 27:27 и тоа благодарение на двата гола кои нашиот северен сосед ги прими во последите 27 секунди.

Прво Арон Палмарсон на 27 секунди до крајот намали на 27:26. Во следниот напад, српските ракометари им ја дадоа топката во рацете на Исланѓаните кои не го испуштија подарокот и преку Бјорн Гудјонсон на само три секунди до крајот постигнаа гол за конечни 27:27.

https://twitter.com/i/status/1745886570626826570

 

 

- Оглас -

Најнови вести