18.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Еве кои се најпосетените натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија јавно им се заблагодари на фановите за поддршката на мечот против Италија. На трибините беа присутни 28.126 гледачи, со што овој натпревар е третиот најпосетен во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

Најпосетен домашен меч во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија е оној против Ирска во квалификациите за Европското првенство 2012, кој го проследија 29.500 гледа. На второто место е дуелот Шпанија во квалификациите за Европското првенство 2016, кога на трибините се најдоа 28.843 навивачи.

Најпосетени 10 домашни натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија:

1. Македонија – Ирска (0-2), 04.06.2011, квалификации за ЕП 2012 – 29.500
2. Македонија – Шпанија (0-1), 08.09.2015, квалификации за ЕП 2016 – 28.843
3. Македонија – Италија (1-1), 09.09.2023, квалификации за ЕП 2024 – 28.126
4. Македонија – Србија (1-0), 16.10.2012, квалификации за СП 2014 – 26.181
5. Македонија – Хрватска (1-2), 12.10.2012, квалификации за СП 2014 – 25.230
6. Македонија – Шпанија (2-3), 12.08.2009, пријателски натпревар – 25.000
7. Македонија – Данска (1-1), 07.09.1994, квалификации за ЕП 1996 – 22.000
7. Македонија – Полска (0-1), 07.06.2019, квалификации за ЕП 2020 – 22.000
9. Македонија – Шпанија (0-2), 12.10.1994, квалификации за ЕП 1996 – 21.000
10. Македонија – Шпанија (1-2), 11.06.2017, квалификации за СП 2018 – 20.675

Најпосетувани гостински натпревари се оние против Англија, на “Олд Трафорд“ во Манчестер, со оглед на тоа дека тој стадион е најголемиот на кој гостувала Македонија.

Најпосетени 5 гостински натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија:

1. Англија – Македонија (0-0), 07.10.2006, квалификации за ЕП 2008 (Манчестер) – 72.062
2. Англија – Македонија (7-0), 19.06.2023, квалификации за ЕП 2024 (Манчестер) – 80.708
3. Грузија – Македонија (2-0), 23.09.2022, Лига на нации (Тбилиси) – 54.200
4. Полска – Македонија (2-0), 13.10.2019, квалификации за ЕП 2020 (Варшава) – 52.894
5. Шкотска – Македонија (2-0), 05.09.2009, квалификации за СП 2010 (Глазгов) – 50.214

* Информацијата за бројот на гледачи е од официјалните записници на ФИФА и УЕФА, како и новински извештаи за пријателските натпревари.

- Оглас -

Најнови вести