Благодарност од ФФМ до сите 28.126 гледачи кои присуствуваа на мечот со Италија

Фудбалската репрезентација официјално објави дека синоќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје, на трибините имало 28.126 луѓе, што овој меч го прави еден од трите најпосетени во историјата на нашиот најголем стадион за репрезентативен дуел.

ФФМ испрати посебна благодарност до сите кои беа на трибините и го прославија ремито против актуелниот европски и некогашен четирикратен светски шампион.

„Драги навивачи на македонската репрезентација,

Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас, 28.126 илјади, кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против европскиот првак, Италија.

Беше навистина возбудливо да се видат повеќе од 28.000 илјади навивачи кои безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.

Навистина сме горди на тоа што со Вашата поддршка, фудбалерите покажаа одлучност, самодоверба и желба за победа.

До следниот предизвик, Напред Македонија!“ – порачаа од федерацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести