Евертон ја официјализираше позајмицата на Жибрил Сидибе од Монако. Карамелите имаат опција целосно да го откупат неговиот договор по крајот на сезоната.
Сидибе доаѓа на „Гудисон парк“ со реноме на светски првак, бидејќи беше дел од репрезентацијата на Франција која доминираше на Мундијалот во Русија. Со Монако стана француски шампион во сезоната 2016/17, а за Кнезовите запиша вкупно 114 настапи.
„Да играм во Премиер лигата е нешто што посакував да го сторам подолго време. Евертон ми пружи шанса и без размислување ја прифатив. Ми се допадна проектот на овој клуб, јасно е дека целта е да се освои трофеј оваа сезона, така што ќе се обидам да придонесам што е можно повеќе да се дојде до целта“, истакна Сидибе.
Французинот е шестто летно засилување на Карамелите, претходно пристигнаа голманот Лосл, играчите за врска Гомеш, Делф и Гбамин, како и младиот напаѓач Мојзе Кен.
https://twitter.com/Everton/status/1159192494862741506?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1159192494862741506&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.evertonfc.com%2Fnews%2F1302806%2Fsidibe-joins-everton-on-season-long-loan